Разновидноста на наставните методи, техники и модели во наставата овозможуваат стимулативно учењето за ученикот и професорот, а истовремено се постигнуваат најдобри резултати. Тестирањето за степенот на владеење на англискиот јазик, германскиот и францускиот се изведува индивидуално за секој ученик. Тестирањето го подготвува стручниот тим професори, при што за секој ученик се овозможува индивидуален пристап во совладување на целите од наставните програми.


     Кога станува збор за наставата и постигнувањето високи резултати, секако дека посебно внимание треба да се посвети на дијагностицирањето на стилот на учење, како од страна на ученикот така и од страна на професорот. Целта е да се определи стилот на учење, којшто е карактеристичен и индивидуален за секој ученик. Со определувањето на карактеристиките на стилот на учење на ученикот, се овозможува запознавање со посилните страни и можности за надминување на послабите страни, во однос на начините на учење и во процесот на наставата. Со запознавањето со стиловите на учење се овозможува ефективност и квалитет во изведувањето на наставниот процес, што е едно од основните начела за изведување на современата воспитно-образовна дејност.



Со почетокот на новата учебната година, новите ученици имаат можност да се тестираат за:

1. Стил на учење
2. Тест на недовршени реченици
2. Степен на англискиот јазик
3. Степен на германскиот јазик
4. Степен на францускиот јазик
5. Математичко ниво
6. Тест по македонкси јазик и литература