International High School е посветен на поддршка и организација на сите ученички активности кои ќе го збогатат животoт на учениците во училиштето и надвор од него. Учениците се поттикнуваат да земаат учество во проекти и активности, како можност за развивање на лидерски способности, изразување на индивидуалноста, и можност да се забавуваат и креираат.

     International High School за учениците создаде динамична средина која ги инволвира во активност во клубови, секции, проекти и други социјални настани.



КОДЕКС НА ОДНЕСУВАЊЕ

РАСПОРЕД НА ЧАСОВИ

ЕКСКУРЗИЈА – Мапа

     Ви благодариме што ја користите можноста да се запознаете со различните облици на поддршка која нашите ученици ја добиваат во училиштео. Ве молиме да не се колебате да не контактирате доколку ви се потребни повеќе информации.



Сервисот за подршка вклучува:

• Индивидуални советувања

• Советувања со родителите

• Советувања со тимот од професори

• Фасилитирање на препораки

• Кариерно советување

• Интервенции и водство во кризни ситуации

• Советувања со надворешни институции за физичко и ментално здравје

• Координација со надворешни советодавни тела од сите области

• Помош во надминување на стрес пред важни настани

• Поддршка во адаптација на нова средина

• Помош и водство во учењето

• Организирање дополнителни и додатни часови

• Врсничка едукација

• Директна работа со ученици

• Правење индивидуални планови за подобрување на успехот.

• Помош во изработка на домашни задачи.


     Училишниот сервис за поддршка е составен од координаторите за настава и е доверлив, со исклучок на ситуации регулирани со законот и детската безбедност и заштита..

     Родителите играат клучна улога во поддршка на социјалниот и емотивниот развој на учениците и затоа тие се нераскинлив дел од училишниот живот. International High School дизајнира оригинален облик на соработка со родителите преку кој тие во секој момент се присутни во животот на нивното дете. Нашиот тим ги мониторира учениците академски, социјално, емотивно и физички и му овозможува на родителот увид во нивниот прогрес. За родителите училиштето обезбедува гаранција дека нивните деца ќе бидат вклучени во активности кои емотивно и психо – физички ќе ги унапредат.


     International High School гради безбедна средина насочена кон учење без присуство на заплашување, булинг и дискриминација на било каква основа. Училиштето се наоѓа во центарот на градот на мирна локација во Дебар маало. Училиштето е целосно покриено со камери, а влезот е со кодиран пристап.


   ХРАНАТА за учениците се обезбедува во рамките на зградата на училиштето. Доставата на храната за учениците е бесплатна.