Дополнителната настава во училиштето е конципирана на два начина:

– Професор – ученик
– Тутор – ученик

     Првиот модел на дополнителен час е конструиран за учениците кои покажуваат послаб успех, имаат потешкотии при совладување на наставниот материјал, и имаат потреба од повеќе време да постигнат резултати. Предвидена е и за учениците кои заради болест, оправдано отсуство не се во можност да го усвојат наставниот материјал во текот на учебната година.


     Вториот модел е базиран на индивудуална настава со ученикот. Овој принцип на дополнителен час се работи врз основа на индивидуалните потреби на ученикот. Овие часови се организираат за учениците кои се карактеризираат со недостаток на концентрација и со дефицит на внимание во текот на наставата. Исто така, навремено не ги совладуваат зададените задачи и обврски и не покажуваат никаквни резултати. Се обезбедуваат наставни средства, работни листови и задачи кои ученикот заедно со туторот го совладува предвидениот наставен материјал.


ТЕРМИН НА РЕАЛИЗАЦИЈА ФИНАНСИСКИ НАДОМЕСТ
13:40 – 16:05 Вклучено во школарината