Приватното средно училиште ,,International High School“ – Скопје има за цел да ги подготвува учениците за усвојување темелни знаења, развивање способности и вештини што се неопходни за успешното продолжување на школувањето во високообразовните институции.Оваа цел се остварува со оспособување на младите за работа и живот во современото глобално општество, со употреба на најсовремена образовна технологија и најсовремени наставни методи, техники и средства кои го овозможуваат развивањето на иднивидуалните, интелектуалните и физичките способности кај учениците за критичко размислување, анализа и синтеза за проучување, истражување и втемелување на хуманистички, морални, етички, естетски и граѓански вредности на личноста.

ihs-osnovna-cel

     Заради што поуспешно интегрирање на учениците во глобалните информациски текови, како примарна цел се поставува оспособувањето на учениците за активна употреба на најмалку два светски јазика. Исто така, како неопходни цели се применуваат и поттикнувањето на креативноста, на творештвото, на индивидуалните способности и подготвувањето за живот и работа во духот на мирот и толеранцијата, почитувањето и разбирањето на верските и расните разлики како и развивањето на позитивен однос кон творечките, научните, уметничките, културните, спортските и здравствените вредности.