ihs-organizacija-na-nastavata-1

     Наставната програма е компатибилна со останатите државни средни училишта, и е изготвена од Бирото за развој на образованието во соработка со соодветните факултети и наставници од училиштата, и ја одобрува министерот за образование и наука на Република Македонија. Наставниот план е структуриран од четири организациско – содржински компоненти:

– задолжителни предмети
– изборни предмети
– задолжителни изборни програми и
– проектни активности.

     Ваквата групираност на секој ученик му овозможува да се развива во оној правец во кој ги покажува и изразува своите желби, интереси, способности, како и да се информира и подготви за соодветните студии.

ihs-organizacija-na-nastavata-2

     Наставата во ПСУ „INTERNATIONAL HIGH SCHOOL“ – Скопје се изведува на македонски и англиски јазик. Таа е организирана зависно од наставните содржини – од нивната сложеност и специфичност, како и од степенот на познавање на англискиот јазик од страна на ученикот. Индивидуалната настава е насочена кон поттикнување на учениците да постигнат што поголем успех преку интензивно директно ангажирање од страна на наставниците, администрацијата и другите стручни служби во училиштето.

ihs-organizacija-na-nastavata-3
ihs-organizacija-na-nastavata-4