Оценувањето се базира на општиот систем на оценување во Република Македонија. Оценувањето во нашето училиште е нумеричко, со скала од 1 до 5. Системот на оценување ја опфаќа категоријата на континуирано тековно следење на напредокот и постигнувањата на учениците, со што се овозможува систематичко и објективно оценување. Ваквиот пристап на следење ја овозможува сумативната оценка, како краен резултат и збир на индивидуалните постигнувања на учениците. Исто така, секој професор во ПСУ „INTERNATIONAL HIGH SCHOOL“ – Скопје има задолжение, описно да го оценува ученикот во тековната учебна година.



Критериуми на оценување