Во самото градско јадро, но сепак заштитено од градскиот метеж, во култното Дебар маало, се наоѓа приватното средно училиште INTERNATIONAL HIGH SCHOOL – училиште каде што ведриот и насмеан лик е должност на секој негов член – професор и ученик.

ihs-nie-sme

     ПСУ INTERNATIONAL HIGH SCHOOL е проектирано како модерно училиште со урамнотежен однос кон класичните и современите методи на работа. Отворено е за иновации и оспособно за брза и соодветна трансформација на образовниот процес во склоп со потребите и интересите на младите луѓе. Цел на училиштето е да ги води младите кон креирање и остварување на нивните планови, да ги учи на флексибилност, на креативност и кај нив да изгради свест за неопходноста од постојано усвојување на иновативни знаења со учење. Тука, преку образовниот процес се препознаваат и активираат лидерските способности со кои младите потенцијали ќе се вклучат во самиот врв на стопанскиот и општествениот живот. Стратегијата за остварување на нашата цел се темели на индивидуализираниот пристап кон секој ученик, препознавање на неговите можности, на потребите и стилот на учење. ПСУ „INTERNATIONAL HIGH SCHOOL“ нуди врвно образование кое е валоризирано со високите пласмани на бројни натпревари и потенцираното задоволство од наставата и учењето од страна на учениците. Интернационално средно училиште е училиште во кое сите учесници на образовниот процес меѓусебно се почитуваат и се трудат да го дадат својот максимум со што придонесуваат атмосферата да биде работна и пријателска. Тоа е училиште на среќни луѓе кои сите меѓусебни несогласувања ги решаваат со искреност, чесност и беспрекорно трпение. Ведар и насмеан лик е должност на секој член на големото семејството на IHS. Само во такво позитивно опкружување можат да се изградат лидери кои ќе носат одлуки засновани на знаење за добро на сите, сега и во иднината. Училиштето треба да го воведе младиот човек во богатиот свет на социјални односи, да го подготви да биде морално зрела, самосвесна личност со изграден систем на вредности која ќе биде отворена и проактивна кон другите луѓе и светот околу себе. Образованието треба да ја обликува иднината и затоа не треба да продуцира млади луѓе со скршен дух.