Професорите во ПСУ „INTERNATIONAL HIGH SCHOOL“се ведри, насмеани и секогаш се станати ,,на десна нога“. Тие се вистински професионалци кои се отворени за соработка, добри методичари, практичари и одлични познавачи на својата област. Безрезервно и несебично го споделуваат своето знаење за стекнување трајни знаења на нашите ученици, и покрај тоа придонесуваат за градењето на позитивните особини на карактерот кај учениците, препознавањето на вистинските вредности, градењето ставови и оформувањето на сопствениот идентитет. Тие своето знаење го пренесуваат на креативен начин, и со своите позитивни ставови и трпение внесуваат ведрина во училницата. Тие се координатори во наставниот процес и го негуваат партнерскиот однос со учениците. Навистина се професори коишто се грижат за целокупниот психо-физички развој на децата, и посебен акцент ставаат на нивниот емоционален развој. Нашите професори се: мотиватори, координатори, организатори и вистински професионалци.