Училишните екскурзии претставуваат облик на воспитно – образовна работа кој се остварува преку различни активности надвор од училиштето со посети на: природни и туристички места, образовни, културни и спортски установи, како и техничко – технолшки објекти, во согласност со одредени цели и задачи од наставните програми и подрачја, за развивање и остварување на различни интереси на учениците.

     Според Планот и програмата за гимназиско работење на Министерство за образование и наука – МОН и годишните програми за работење на ПСУ„Интернационално средно училиште„ – Скопје изминативе години во училиштето се реализирани повеќе еднодневни и повеќедневни екскурзии. Целта на истите е усвојување и проширување на знаењата на учениците, развивање на нивните различни интереси и потреби, примена на вештини и ставови преку непосредно запознавање со појавите, како и односите во природната и општествената средина и културно – историските знаменитости.

     Видовите на екскурзии коишто се реализирани и се реализираат во училиштето се следниве:
Завршните екскурзии опфаќаат активности за запознавање на културните и естетските вредности во Република Македонија и други држави.
Стручните и истражувачки ексурзии опфаќаат активности за постигнување на интегрирани цели од повеќе наставни програми.
Спортско – рекреативните екскурзии се изведуваат надвор од училишето за градење и оставрување на спортската култура, навики за здрав живот, забавно – рекреативни и социјализациски цели.

     Незаборавни моменти, другарување и љубов, смеа и солзи, непреспиени ноќи и многу забава на екскурзиите организирани во IHS.

Финска, Италија, Шпанија, Австрија,Унгарија …..