Машки Женски
Да Не
Captcha




Почитувани,

Приватното средно училиште “International High School”- Скопје (Интернационално средно училиште – Скопје) се подготвува за упис во новата учебна година. Уписите за запишување во нашето училиште се континуирани. Секој ученик од основното и средно образование во Република Македонија има можност да аплицира во текот на целата учебна година. Училиштето подготвува апликациона папка за секој заинтересиран ученик кој сака да го продолжи своето гимназиско образование во нашето училиште. Ученикот добива: бесплатна апликациија и документ со програмата и целите на училиштето.

Потребни документи за аплицирање во ПСУ “International High School” – Скопје:

– Оригинални свидетелства од 5 до 8 одделение,

– Извод од матична книга на родените – копија,

– Две фотографии,

– Пополнета aпликација од ПСУ “International High School”.