Slide background
Slide background
Slide background
Slide background

Прочитај повеќе

IN TOUCH WITH TOMORROW
     Во самото градско јадро, но сепак заштитено од градскиот метеж, во култното Дебар маало, се наоѓа приватното средно училиште INTERNATIONAL HIGH SCHOOL - училиште каде што ведриот и насмеан лик е должност на секој негов член - професор и ученик.
     ПСУ INTERNATIONAL HIGH SCHOOL е проектирано како модерно училиште со урамнотежен однос кон класичните и современите методи на работа. Отворено е за иновации и оспособно за брза и соодветна трансформација на образовниот процес во склоп со потребите и интересите на младите луѓе. Цел на училиштето е да ги води младите кон креирање и остварување на нивните планови, да ги учи на флексибилност, на креативност и кај нив да изгради свест за неопходноста од постојано усвојување на иновативни знаења со учење. Тука, преку образовниот процес се препознаваат и активираат лидерските способности со кои младите потенцијали ќе се вклучат во самиот врв на стопанскиот и општествениот живот. Стратегијата за остварување на нашата цел се темели на индивидуализираниот пристап кон секој ученик, препознавање на неговите можности, на потребите и стилот на учење. ПСУ „INTERNATIONAL HIGH SCHOOL“ нуди врвно образование кое е валоризирано со високите пласмани на бројни натпревари и потенцираното задоволство од наставата и учењето од страна на учениците. Интернационално средно училиште е училиште во кое сите учесници на образовниот процес меѓусебно се почитуваат и се трудат да го дадат својот максимум со што придонесуваат атмосферата да биде работна и пријателска. Тоа е училиште на среќни луѓе кои сите меѓусебни несогласувања ги решаваат со искреност, чесност и беспрекорно трпение. Ведар и насмеан лик е должност на секој член на големото семејството на IHS. Само во такво позитивно опкружување можат да се изградат лидери кои ќе носат одлуки засновани на знаење за добро на сите, сега и во иднината. Училиштето треба да го воведе младиот човек во богатиот свет на социјални односи, да го подготви да биде морално зрела, самосвесна личност со изграден систем на вредности која ќе биде отворена и проактивна кон другите луѓе и светот околу себе. Образованието треба да ја обликува иднината и затоа не треба да продуцира млади луѓе со скршен дух.
     Нашата мисија е негување на сигурноста, отвореноста, креативноста и меѓусебното разбирање. Почитувањето и толеранцијата. Ја градиме довербата и го поттикнуваме индивидуалниот развој на нашите ученици при давањето на образовни услуги.
     Визијата на нашето училиште е да се грижи за она што учениците го сакаат, и да го трасираме патот кон создавање на нивниот живот, насочен кон иднината и во чекор со нивните очекувања, потреби и можности преку најсовремените модели на учење!
     Приватното средно училиште ,,International High School“ – Скопје има за цел да ги подготвува учениците за усвојување темелни знаења, развивање способности и вештини што се неопходни за успешното продолжување на школувањето во високообразовните институции.Оваа цел се остварува со оспособување на младите за работа и живот во современото глобално општество, со употреба на најсовремена образовна технологија и најсовремени наставни методи, техники и средства кои го овозможуваат развивањето на иднивидуалните, интелектуалните и физичките способности кај учениците за критичко размислување, анализа и синтеза за проучување, истражување и втемелување на хуманистички, морални, етички, естетски и граѓански вредности на личноста.
     Заради што поуспешно интегрирање на учениците во глобалните информациски текови, како примарна цел се поставува оспособувањето на учениците за активна употреба на најмалку два светски јазика. Исто така, како неопходни цели се применуваат и поттикнувањето на креативноста, на творештвото, на индивидуалните способности и подготвувањето за живот и работа во духот на мирот и толеранцијата, почитувањето и разбирањето на верските и расните разлики како и развивањето на позитивен однос кон творечките, научните, уметничките, културните, спортските и здравствените вредности.